Хрватската ракометна А-селекција како и нашата влезе во последната фаза од подготовки пред Европското првенство во Полска кое ќе почне на 15 јануари и ќе трае се до 31-ви овој месец. Во редовите на коцкастите се и двата средни бека на црвено-црниот ракометен колетив Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. Тие ги одработија сите фази од подготовките и се очекува со голема веројатност да бидат на крајниот список на за Е.П-Полска 2016.
Тие утре и задутре ќе настапат во дресот на Хрватска на тест-двомечот со нивниот северен сосед Словенија. Репрезентација со која во вторникот и понеделникот црвено-жолтите избраници на Ивица Обрван одиграа два реми исхода и тоа во резултати 23-23 и 28-28 . Интерсен факт што на клупата на словенците е Веселин Вујовиќ, актуелен тренер на хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб. Мечот утре ќе го одиграат во Иваниќ-град, а тој дуел на 9 јануари ќе го одиграат во Копар. Хрватска е носител на 4 медали од европските првенства, и 4 пати била освојувач на четвртото место, но никогаш зад себе нема “европско злато“. Вардаровите ракометари се во одлична форма, одамна се надминати проблемите со повреда на Игор кој го мачеа на крајот од сезоната во црвено-црниот дрес.