Денес 7 јануари Божиќ, нема да фунционира билетарницата во Спортскиот Центар “Јане Санданки“ поради неработниот ден. Истата ќе фунционира утре, а и задутре кога всушност е закажан мечот против екипата на ЦСМ Букурешт. Дуелот ќе се одигра во нашиот храм Спортскиот Центар “Јане Сандански“, а почетокот е закажан за во 17 часот и 30 минути. Денес доколку сакате да обезбедите карти за првиот меч годинава во Лигата на шампионките ќе може да набавите билет само он-лајн.
Натпреварот меѓу ЖРК Вардар и ЦСМ Букурешт ќе биде прв од главната фаза во ЛШ . Продажбата на билети на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, ќе се одвиве утре од 10 до 18 часот, и задутре од 10 до пред почетокот на дуелот и се разбира онлајн на ticketplus.mk.