Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јан Питлик : Овде има таленти, во школите на Вардар има квалитет
Јан Питлик : Овде има таленти, во школите на Вардар има квалитет

Јан Питлик : Овде има таленти, во школите на Вардар има квалитет

Стручниот штаб на женскиот Вардаров колектив за  првпат одржаа т.н  „Отворен ден“ за својата ракометна Академија. Истата се оддржа  во скопската населба Кисела Вода на крајот од минатата година. Повеќе од 30-тина деца беа на тој тренинг каде Индира Кастратовиќ и Јан Питлик, им покажуваа „ракометни тајни“, а истовремено ги селектираа оние за кои сметаат дека имаат талент. Слични тренинзи ќе бидат организирани и во другите општини во Скопје. Данскиот стручњак Патлик за овој отворен ден ги соопшти својте впечатоци:

-На овие тренинзи гледаме какво е нивното движење, како играат и дали имаат визија за ракометната игра. Тие играат на два гола ги гледаме дали се добри во пронаоѓањето на нивните соиграчи на теренот. Овде имаме добри играчи, постојано ги следам тренинзите на младите тимови и мислам дека има доста таленти, овде има квалитет во Вардарите школи. Настаните како “Отворените деновови“ се исклучително важни бидејќи сакаме да го покажеме тоа што го работиме и сакаме да ги мотивираме децата да играат ракомет. -Изјави Јан Питлик.