На својот инстаграм профил, медија тимот на СЕХА-лигата организираше избор за Крал на Лигата. Според гласовите победник е играчот на Вардар, Игор Карачиќ кој доби најмногу гласови од фановите.
Игор Карачиќ го победи и својот соиграч од Вардар, тоа е Тимур Дибиров, додека во изборот беа и Тим Контрец од ППД Загреб Халил Јагањац од Нексе и Петар Џорџиќ од Брест Мешков.
Ова признание, Карачиќ ќе го добие за време на завршниот турнир, кој е на програмата е на 2. и 3.април во градот Брест, каде четири екипи ќе се борат за трофејот од СЕХА-лигата.