Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Карачиќ во голем стил се одјави од Вардар, хрватскиот „моцарт“ ја одигра најдобрата сезона во црвено-црниот дрес
Карачиќ  во голем стил се одјави од Вардар, хрватскиот „моцарт“ ја одигра најдобрата сезона во црвено-црниот дрес

Карачиќ во голем стил се одјави од Вардар, хрватскиот „моцарт“ ја одигра најдобрата сезона во црвено-црниот дрес

Хрватскиот „Моцарт“ после седум години поминати во Вардар се реши за нов предизвик во неговата играчка кариера. Игор Карачиќ ја одигра последната сезона во црвено-црниот дрес и на најдобар можен начин се одјави од Скопје и клубот.

Инаку, Карачиќ ја одигра својата најдобра сезона, откако настапува за Вардар. Играчот за кој не е проблем да настапува на позициите среден и лев бек, шампионската сезона во која црвено-црните ја освоија и втората Европска титула ја заврши со вкупно 79 постигнати голови, воедно Карачиќ беше и втор најдобар стрелец на тимот веднаш после Даинис Кристопанс кој постигна 84 голови.

Со оваа бројка, Карачиќ го надмина неговиот личен рекорд, што се однесува до погодоците, негова најдобра сезона претходно беше 2014/15 кога имаше вкупно 74 голови. Инаку за седум сезони настапувајќи за Вардар успеа да постигне вкупно 351 гол во Лигата на Шампионите.