Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ќе се засили со уште најмалку двајца ракометари
Вардар ќе се засили со уште најмалку двајца ракометари

Вардар ќе се засили со уште најмалку двајца ракометари

Европскиот шампион сеуште ќе биде активен на трансфер пазарот. Во план е донесување во Скопје на уште две нови квалитетни имиња, односно кружен напаѓач и лев бек со што и официјално би се затворил преодниот рок за Вардар.

Во овој момент ситуацијата е таква каква што е па Вардар бара нов кружен напаѓач кој ќе го замени Глеб Калараш, кој како што е добро познато не добива одврзани раце од неговиот нов клуб. На кој кружен напаѓач ќе падне одлуката, останува да видиме.

Вардар има намера да донесе и нов лев бек, односно играч кој би можел да одигра и како среден, нешто слично на Игор Карачиќ. Со оглед на тоа што на левата бековска позиција во овој момент ги имаме Горбок и Дисингер кои не се 100% подготвени, а на среден бек Скубе и Атман, на Вардар и те како му е потребен уште еден нов шутер. Според нашите информации нема да биде изненадување одлуката да падне на некој играч од Шпанија.

Останува да видиме како Вардар ќе го затвори овој летен преоден рок.