За време на паузата да направиме пресек на пролетните постигнувања на Вардар Јуниор. Тимот на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков одигра три меча, на истите дојде до две домашни победи и еден пораз кој нема значење бидејќи е од тим кој е од плеј-оф зоната. Во моментот на прекинување на шампионатот ние имаме одлични 24.бода и сме шесто пласирани.
Успеавме во пролетниот дел дома да го совладаме Металург-2 и тоа со пресвет 24-23 (5-13) и високо триумфиравме со РК Работнички 40-24(17-10). Погодивме дури 85.пати или во просек дадовме 28,33 гола по одигран дуел. Интересно примивме идентичен број на погодоци па имаме избалансирана гол разлика по оваа пролет. Прв стрелец на тимот е Карапалевски Мартин, тој одигра брилијантно и погоди 20 пати, односно постигнуваше речиси 7.гола по одиграан меч. На втората позиција се Дука Ѓорѓи и крилото Јакимовски Дамјан.
1.Kaрапалевски 20
2/3.Дука 10
2/3.Јакимовски 10
4.Трпчевски 9
5/6.Крстевски В. 7
5/6Крстевски С. 7
7.Анѓелковски 6
8.Андоновски 5
9.Атанасовски 3
10/14.Чакалиќ С.2
10/14.Јанковски 2
10/14.Стојановски 2
10/14. Чакалиќ Х. 2