Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали сте подготвени, Келце мора да падне во Скопје!
Дали сте подготвени, Келце мора да падне во Скопје!

Дали сте подготвени, Келце мора да падне во Скопје!

Полскиот шампион го очекува вистински ракометен “пекол” вечерва. Во овој момент останати се околу 70-80 билети, но и тие ќе се продадат до почетокот на натпреварот.

Од друга страна, “Вардар Фанс” доби огромен број на пораки со содржина каде ќе се продаваат билети за навивачка трибина, па потсетуваме уште еднаш: Билети за навивачка трибина пред сала по цена од 100 денари.

Дојдете сите на овој последен натпревар за оваа календарска година, да навиваме и да му помогнеме на нашиот тим да “презими” како второпласирана екипа на табелата во групата А.