Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Петар Колевски: Во пионерите на Вардар дојдов преку настапите во “Јуниор“ лигата, која ти овозможува да се надоградуваш во успешен ракометар
Петар Колевски: Во пионерите на Вардар дојдов преку настапите во “Јуниор“ лигата, која ти овозможува да се надоградуваш во успешен ракометар

Петар Колевски: Во пионерите на Вардар дојдов преку настапите во “Јуниор“ лигата, која ти овозможува да се надоградуваш во успешен ракометар

Новата генерација на ракометниот клуб Вардар, играчи родени 2004/05 година ја сочинуваат ракометари кои во претходниве две сезони беа дел од големиот проект на клубот наречен “Јуниор“ лига. Токму најдобрите играчи од сите школи кои се дел од академијата на Вардар се селектирани да настапуваат за пионерите на Вардар и се следат од тренерите во РК Вардар. Токму еден од нив е Петар Колевски кој во новата сезона игра за новата генерацијата на Вардар и за ракометната школа, Илинден – Вардар.

-Уште како мал идол ми беше Стојанче Стоилов и затоа ми се роди желба да тренирам ракомет. Моите први чекори во ракометот ги започнав пред 6 години во ракометната школа на Металург, каде што тренирав 3 години во моето училиште, а потоа се префрлив во ракометната школа Илинден Вардар, на тренерите Дарко и Александра Јанев.

Јуниор лигата им дава можност на сите млади ракометари да се надоградуваат и да стекнуваат искуство.

- Големо е задоволството да бидеш дел од Јуниор лигата на Вардар, бидејки самите натпревари со другите екипи носат натпреварувачки дух и желба за победа. Со екипата во последната сезона го освоивме првото место во Јуниор лигата. Јуниор лигата ти овозможува да се наградуваш како успешен ракометар, да запознаеш играчи на другите екипи на Вардар, да патуваш во други градови да играш и во други сали надвор од Скопје.

vardarfans-pioneri

По три одиграни кола во пионерската лига, оваа екипа на Вардар предводена од Зоран Петковски има две победи и еден пораз.

-Во пионерите на Вардар дојдов по препорака на тренерите Дарко и Александра Јанев. Со пионерите тренираме 2 месеци со тренерот Зоран Петковски каде имаме издвоено две победи, што за нас претставува голем успех. Со напорни тренинзи и добри стратегии што ни ги дава тренерот Зоран Петковски се надеваме на уште поголеми успеси.

Во минатото коло, црвено-црните минимално го добија дербито со екипата на Металург. овој натпревар беше посебен за Колевски, кој има започнато да тренира токму во тимот од Автокоманда.

vardarfans-kolevski

- Натпреварот со Металург ми беше од посебно значење, бидејки имаше играчи во Металург со кои јас ги почнав првите чекори во ракометот со нив, а сега сме ривали и издвоивме победа.

Главна цел за оваа сезона е воигрување и вклопување на тимот, а резултатати од оваа генерација ќе се очекуваат во наредната сезона.

- Бидејки сме најмлада екипа во Вардар, оваа сезона очекуваме да се направи добар тим и да се воиграме меѓу себе за следната сезона да покажеме добри и позитивни резлутати.

Звонко Ивановски