Во овие моменти трае последниот тренинг на екипата на Рк Вардар, во пресрет на утрешниот натпревар против екипата на Висла Плоцк. Како и што најавија нивните најверни навивачи се појавија во салата како подршка за момците. Околу 100-тина Комити во моментов се наоѓаат на трибината, каде од утре ќе го понесат својот миленик кон голема победа.
Изминативе денови и ракометарите преку нашиот сајт повикуваа Комити утре да ја исполнат салата, да бидат нивниот осми играч кон остварување на целта.