Еден од милениците на вардаровите навивачи, Игор Карачиќ, се потсети на убавите моменти поминати во дресот на Вардар. Карачиќ на својата официјална страна сподели фотографија од освоениот трофеј во СЕХА-лигата од минатата натпреварувачка сезона. Вардарци имаа уште една успешна сезона кога успеаа да стигнат и до втората титула во Лигата на Шампионите.
Навивачката група, Комити, веднаш го поздравија, потенцирајќи дека тој е нивна икона и дека еден ден повторно го чекаат дома.
Каде и да одиш Скопје ќе те памети…
Ќе ти пеат ќе те слават твоите Комити…
ОоОоОо Игор Кара, ти си наша иконаааа !
Те чекаме дома Мајсторе !