Во сабота не очекува голем дуел, на PK Вардар му гостува единствениот непоразен тим во групата покрај нас, германски Кил кој ќе допатува со 5.бода во Скоје. Колумнист на „Скај“, и голема ракометна легенда во Германија, Стефан Кречмар, во својата колумна се осврнува на оваа средба. Тој дава видување за истата:
.
Следен дуел за Кил е натпреварот со еден тврд тим, Вардар, освојувачот на Лигата на шампиони. Тие се моментално најдобриот европски тим и повторно се едни од фаворитите за пласман на Ф4 во Келн. Иако од клубот заминуваат играчи секоја година, тие знаат како да создадат нов тим кој „гризе“, кој има голема желба и игра бунтовно. Ќе ја имаат поддршката од својата публика, па во Скопје ќе биде вистински пекол. Мечот ќе биде неверојатно тежок за Кил, но тие покажаа дека знаат да се справат со ваквите работи, како на пример во Веспрем.