Вечерва со натпреварот меѓу Фленсбург и ППД Загреб, стартува и 4.коло во најсилните групи од Лигата на Шампионите. После кратка пауза се враќаат возбудувањата во најголемото ракометно натпреваруње.
За нас, е интересна групата Б, во која не очекуваат исто така интересни мечеви, а дербито ќе се одигра во сабота во С.Ц. Јане Сандански, каде Вардар е домаќин на Кил. Ова ќе биде осми меѓусебни натпревар на овие две екипи, Вардар на два пати успевал да го победи германскиот гигант, додека Кил има пет победи во средбите со црвено-црните. Последниот натпревар му припадна на Кил, во полуфиналето на Супер Глоуб Купот. Не очекува интересен меч, сигурно дека ќе гледаме интересен и израмнет натпревар, на кој нијанси можат да го решат победникот. Со евентуален триумф, Европскиот Шампион уште повеќе ќе се зацврсти на првото место во групата, кое носи диретен пласман во четврт-финалето.
Во сабоа ќе се одиграат уште два натпревари во нашата група. Киелце нема право веќе на кикс, и само победа за нив ќе биде императив на мечот против Монпелје, на кој полскиот шампион е домаќин. Од друга страна, Монпелје после стартниот пораз од Вардар влезе во добра серија од два меча со победи, од кои претходната беше во дуелот против Веспрем. Фаворитската улога е на страната на Киелце, но Монпелје е незгоден противник, пред се за големите екипи.
Во ова коло ќе се сретнат и екипите, кои се уште немаат освоено ниту еден бод сезонава. Тоа мечот на Мешков Брест и Мотор Запорожје, кои после три одиграни кола имаат исто толку порази. Тимот кој ќе победи ќе ги врати надежите дека може до крајот на групната фаза да се пласира на 6.позиција, а оној што ќе загуби ќе биде се подалеку од таа позиција. Шансите за прв триумф на двете екипи се израмнети, можеби Брест Мешков е фаворит поради домашниот терен, но Мотор Запорожје не е ни малку наивен тим, па не веруваме дека лесно ќе се предаде на овој меч.
Четвртото коло во најсилната група Б ќе го затворат екипите на Веспрем и Порто. Унгарскиот Шампион е во лоша серија од два порази, откако загуби на последните два меча од екипите на Кил и Монпелје. Поразот во СЕХА-лигата од тимот на Еурофарм уште повеќе го раздрма столчето на Давид Дејвис, па можен неуспех против Порто, може да значи и крај на неговиот претстој во тимот кој заедно со ПСЖ располагаат со најголем буџет во ЛШ. Од друга страна, Порто нема што да загуби, но португалците покажаа дека не се за потценување, во минатото коло на домашен терен го победија Киелце, во првото коло и Мешков, додека Вардар го намачија едно полувреме.
Термини за натпреварите од 4.коло во групата Б:
Вардар – Кил 17:30 ( сабота)
Киелце – Монпелје 18:00 ( сабота)
Брест Мешков – Мотор 18:30 ( сабота)
Веспрем – Порто 15:00 ( недела)