Вчера се оддржа, интерактивно дружење во кое учестуваа ракометарките на женскиот ракометен тим „Вардар“ и доктори од „Аџибадем Систина“. Беше реализирана едукативна работилници за подигнување на свеста за женското здравје.
Месец октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка, а Клиничката болница „Аџибадем Систина” го одбележува со неколку работилници и едукативни средби во институции и домашни компании кои се однесуваат на женското здравје.
. На средбата со ракометарките присуствуваа д-р Гордана Петровска специјалист по гинекологија и акушерство, д-р Маја Стојчевска-Чапова специјалист по радиодијагностика и Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина. Сите беа на располагање и одговараа на прашањата на ракометарките, на нивните дилеми.