Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кристијан Анастасовски за Вардарфанс:Победата во финалето преставува големо задоволство.
Кристијан Анастасовски за Вардарфанс:Победата во финалето преставува  големо задоволство.

Кристијан Анастасовски за Вардарфанс:Победата во финалето преставува големо задоволство.

Избраниците на Зоран Петковски се победници на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов“ во својата категорија.Турнирот се играше во периодот од 14-18 јануари во четири сали во Скопје.

Кадетите на Рк Вардар беа убедливи во сите натпревари,и на крај сосема заслужено се искачија на највисокото место.

1.РК Вардар-Рк Илинден 30:6
2.РК Вардар-Рк Вардар Карпош 27:6
1/2 РК Вардар-РК Вардар(пионери) 25:18
ФИНАЛЕ:РК Вардар-Хјс Работник 19:10

Кристијан Анастасовски беше прогласен за најдобар пикер.

-Моето мислење за организација на турнирот е позитивно,од самиот почеток па се до самата завршница.Секој натпревар го гледавме како финале,каде сите тимски се насочувавме кон победа.На секој меч постоеше фер игра од играчите на противничките екипи.Лично победата во финалето за мене е уште едно големо задоволство со кое се гордеам.Радоста и гордоста се зголемија на самиот крај кога ме прогласија за најдобар пикер на турнирот,изјави Кристијан Анастасовски за нашиот сајт.

18.01.2015

Звонко Ивановски

 

Leave a Reply