Вечерва, РК Вардар дојде до нова рутинска победа во СЕХА-лигата, совладувајќи ја екипата на Динамо од Панчево. Слободно може да кажеме дека со половина од силите нашите момци триумфираа со резултат 23:27. Најефикасен во нашиот состав беше Поповски кој постигна 6 голови, додека Кристопанс имаше 5 погодоци. Нашиот бек е прогласен за играч на овој натпревар.
Видеото може да го погледнете во продолжение ОВДЕ!