Вардар од претходно го има “заработено“ првото место во СЕХА Газпром лигата, но и на гостувањето кај Динамо Панчево одигравме на ниво и дуелот го завршиве со триумф од 27-23 (13-9). За вардарци ова беше петтнаесетта победа оваа сезонава во регионалното натпреварување. За овој меч тренерот на црвено-црните, Гонзалез и српскиот интернационалец во нашите редови Абутовиќ ги дадоа своите оцени.
Раул Гонзалес: Милиќ беше навистина добар во првото полувреме. Задоволен сум од начинот на кој пто игравме во првото полувреме и сега имаме доволно време да се подготвиме за наредниот натпревар. Имаше доста навивачи во салата и атмосферата беше одлична.
Илија Абутовиќ: Ракометарите на Динамо Панчево уште еднаш покажаа дека се добар и борбен тим. Ние одигравме добар натпревар, секој ракометар даде свој придонес и според мене ова беше навистина добар натпревар