Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > 54 гола в мрежата на Гевгелија од вардарки
54 гола в мрежата на Гевгелија од вардарки

54 гола в мрежата на Гевгелија од вардарки

Вардарки играат во домашната лига заостанати кола, вчера имаа уште еден максимално ефикасен натпревар. Тие беа домаќини на  тимот на ЖРК Гевгелија. Избраничките на Дибирова високо ги совлаадаа девојките од истоимениот град  со резултат 54:13.

Дуелот започна идентично како и тој со Овче Поле со наша предност од 7:0 за Вардар . По ова се веќе беше јасно, дека само прашање е со колку разлика ќе се заврши првиот дел. На одмор заминавме со високи 20 гола предност, на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 26-6 во корист на нашиот тим. Повторно како и на другите мечеви поради големиот број на контри кај нас доминираа  Ристовска и Саздовска постигнаа повеќе голови поединечно од   сите играчи на противникот заедно.
Вториот дел беше идентичен како и првиот по доминацијата на црвено-црните девојки кои на крај победија со дури 41 гол предност. Кај нас прв стрелец беше Ристовска со 16 гола , другото крило Саздовска имаше 15, кај противникот прв стрелец беше Митревска со 4 гола.

ВАРДАР: Мицевска, Суслина, Радичевиќ, Кликовац, Саздовска 15, Бајрамоска 3, Лазовиќ 1, Керамичиева 6, Петровиќ 7, Гичевска 6, Ристовска 16.