Според гласањето кое традиционално секоја година го врши реномираниот ракометен портал „Хандбал Планет“ е избран најдобриот тим во светот за 2019 година.
Во идеалниот тим место имаше и за еден играч на Вардар, се работи за Даинис Кристопанс кој е прогласен за најдобар десен бек. Претходно, Хансен од ПСЖ го доби признанието за МВП. Вака изгледа најдобриот тим за 2019 година:
Лево крило- Уве Генсхајмер ( ПСЖ)
Лев бек – Михел Хансен ( ПСЖ)
Среден бек – Расмус Лауге ( Фленсбург)
Десен бек – Даинис Кристопанс ( Вардар)
Десно крило- Феран Соле ( Тулуз)
Пикер – Бјарте Мирхол ( Скјерн)
Голман- Никлас Ландин ( Кил)
Дефанзивец – Благ Благотиншек ( Веспрем)
Во конкуренција за најдобриот тим беа Дибиров и Чупиќ, кои завршија на второто место на своите позиции.