Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Втора победа за кадетите на Вардар Јуниор на турнирот во Илинден
Втора победа за кадетите на Вардар Јуниор на турнирот во Илинден

Втора победа за кадетите на Вардар Јуниор на турнирот во Илинден

Втора победа  во вториот меч за кадетите на Вардар Јуниор на младинскиот ракометен турнир “Илинден-2019“ . Момците на Будимир и Станковски денес го совладаа тимот на РК Пролет со резултат 22-12 во меч во кој ја контролираа играта во целост.

79725628_10215922482037119_8962244978810028032_o 81207906_10215922478277025_6907501043509100544_o 79804909_10215922478157022_2195441416035893248_o

Oтворивме со предност за нас, по 5.минути ракомет во салата “Гоце Делчев“ водевме со 3-1 со голот на Савревски. Одлично влеговме во овој меч доминиравме, потоа двата тима постигнаа по два гола за резултат 5-3. Успеавме да врземе два погодици преку Благоја Димчевски и Савревски поведовме првпат со четири плус, на семафорот беше 7-3, по што Пролет искористи тајм-аут. Бевме тимот кој диктира тампо, прв пат со шест гола поведовме во 16.минута со одличниот гол на Симон Калајџиски. Конечните за првиот дел 13-7 ги постави Димчевски со гол на 25.секунди до крајот на првите 20.минути.

81036047_10215922480757087_114859790705885184_o 80559934_10215922480877090_9122428008907407360_o 80036234_10215922480317076_2329541002370482176_o 80030983_10215922477957017_7102396214041116672_o
Вториот дел започна со по еден гол, за 13-8 по 2.минути ракомет стрелаше Бојан Чакалиќ. Ние потоа со мини серија 3-0 се одлепивме на осум гола позитива, доминиравме во одбраната, во нападот рутинирано казнуавме. Поведовме со 16-8 некаде пред средината на вториот дел, стрелец за осум позитива беше Чакалиќ. Првпат на нецели три минути до крајот ја пробивме двоцифрената разлика, поведувајќи со 21-11 за нас погоди Савревски со силен удар од околу 9.метра. Победата дојде со 22-12 откако двата тима погодија уште по еднаш.

6 7 8
Благој Димчевски и Савревски Давид постигнаа десет гола, по пет двајцата. Три гола беа дело на Димитриевски .