Пионерките на Вардар на турнирот во Илинден дојдоа до нова, втора победа. Ние бевме подобри од екипата на Аеродром и триумфиравме со 14-10. Во битката за „златото“ утре ќе се сретнеме со екипата на Металург.
Ние тргнавме офанзивно, на нашиот гол одбрана имаше Леа Христоска, тоа беше наградено во напад. Со головите на сестрите Коцеви и еден погодок на Ива Ангеловска поведовме со 3-0 по 5.минути ракомет. Противникот успеа да врзе две добри акции и дојде на само минимална негатива 3-2. Ние бевме во налет со двата гола по прецизни седмерци на Сара Стефаноска и погодокот на Пешиќ Мила поведовме со 6-3. Одлично го исконтролираравме продолжението па на пауза заминавме со предност од пет гола, за време на одморот беше 9-4 за вардарки.
Вториот дел во кој имаше доста ротациии во составот го искористивме за да одиграме сигурно и да ја осигураме втората победа на овој младински турнир. Во игра гол за гол ја контолираме средбата, со четири гола позитива победивме наоваа средба. По крајот на вториот период од 15.минути колу што се игра на овој турнир ние победивме со 14-10.
Кај нас Мила Пешиќ и Сара Стефаноска имаа по три погодока, три девојки погодија по два пати: Радевска Бојана, Борјана Коцева и Наталија Максимовска.