Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кугис: Дојдов во Вардар на покана од Периќ, голема е честа да работиш и учиш од таков стручњак
Кугис: Дојдов во Вардар на покана од Периќ, голема е честа да работиш и учиш од таков стручњак

Кугис: Дојдов во Вардар на покана од Периќ, голема е честа да работиш и учиш од таков стручњак

Артурс Кугис е новото голманско име оваа сезона на голот на Европскиот Шампион, Летонецот пристигна во Скопје да го замени Миосављев, кој минатата сезона бележеше добри настапи на голот на Вардар. Секако дека е потребно време за да се види, за каков голман станува збор, се надеваме дека Кугис ќе ја оправда довербата која Периќ му ја дал, токму со изборот, Кугис да биде нов голман на црвено-црните.

-Дејан Периќ беше на неколку мои натпревари за националната селекција, за да ме гледа. Присуствуваше и на дуелот против Словенија, беше задоволен од мојот настап и ме покани да разговараме за околу моето доаѓање во Вардар. За мене претставува чест да учиш и работиш со еден таков голем стручњак, како што е Периќ. Имам напредок во мојата игра и постојано учам на тренинзите и натпреварите, истакна Кугис.

Со оглед дека се работи за соиграчи од летонската репрезентација, нормално е прашањето, дали Кристопанс бил „замката“ за неговото доаѓање во Вардар.

Не знам, дали Кристопанс имал улога за моето доаѓање во Вардар, но сигурно дека од клубот побарале информации за тоа каква личност сум,вели Кугис во интервју за handballfast.com.