Кошаркарскиот клуб Вардар со својата селекција до 15.години настапи на турнир организиран од градскиот ривал „Работнички“. Истиот се играше во салата „Градски Парк“ во Скопје.
Црвено-црните момци овој собир го завршија како „сребрени“ откако во финалниот напревар забележаа пораз од домаќинот на турнирот, Работнички. Претходно во еден интересен дуел во полуфиналето се сретнавме со екипата на ФМП Академија. Место во мечот за пехар обезбедивме со победа од 101-86 на таа полуфинална средба.