Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар е фаворит на дуелот со Кузман, мечот закажан за четврток
ЖРК Вардар е фаворит на дуелот со Кузман, мечот закажан за четврток

ЖРК Вардар е фаворит на дуелот со Кузман, мечот закажан за четврток

ЖРК Вардар по три кола во женската Супер лига е на врвот со максимални 9.бода, колку што имаат и двата ривала за круната, екипите на Куманово и Металург. По тешкото гостување во кај Стружанка каде победивме со резултат 25-29 со одлична игра во финишот следи релативно лесен противник  на домаше терен.

Кај црвено-црните гостува тимот на РК Кузман од населба Илинден во дуел од 4.коло. Нашиот ривал има спротивен ефект од девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев. Екипата која ја игра дебитанската сезона во сениорската лига има три порази во воедните три кола. Дуелот се игра во четврток (10.октомври) со почеток во 19-30 часот во СЦ „Јане Сандански„ во Скопје.

Вардар е убедлив фаворит, одигравме со оваа екипа и тест-дуел за време на подготовките каде победата беше огромна. Може да очекуваме предводникот од клупата, Драгана Ристова да комбинира со составот како би одморила некоја од клучните девојки, а воедно да даде шанса и на ракометарките кои досега имаа помали минутажи.

Судии за мечот се делегирани: Илиева Марија и Карбеска Силвана, двете од Скопје