Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Кукуловски: Вардар е македонски бренд, мојот брат ми ја пренесе љубовта кон ракометот
Кукуловски: Вардар е македонски бренд, мојот брат ми ја пренесе љубовта кон ракометот

Кукуловски: Вардар е македонски бренд, мојот брат ми ја пренесе љубовта кон ракометот

Оваа сезона, Европскиот ракометен Шампион промовираше неколку млади ракометари, а еден од нив е Дејан Кукуловски, кој игра на левата бековска позиција. Тој е еден од неколкуте играчи кои настапуваат и за Вардар Јуниор, кој е предводен од Стојан Петрушевски. Своето деби во првиот тим на Вардар, Кукуловски, го имаше во 2018 година, на натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Брест Мешков, додека во ЛШ се најде во составот на црвено-црните на отварањето на оваа сезона, кога славевме на гостувањето кај екипата на Монпелје. Дејан успеа да запише и два погодоци во ЛШ, во домашниот триумф против екипата на Мотор Запорожје.

vardar-vesprem-lsh-1-12-2019-231841

Следното наше блиц интервју ќе биде токму со овој млад играч, кој треба да добива повеќе шанса во иднина, со оглед дека има потенцијал и квалитет полека да се наметне во составот на Вардар. Дознајте нешто повеќе за Кукуловски преку следново интервју.

1. На колку години започна да играш ракомет ?

-  Кога имав 10 години

2. Кој е твојот матичен клуб ?

- РК Младост од Ресен

3. Ако не беше ракометар, со што друго ќе се занимаваше ?

- Најверојатно ќе играв кошарка

4. Што сакате најмногу да правите во слободно време ?

-Да шетам

5. Кој ви ја пренесе љубовта кон ракометот ?

- Мојот брат, тој играше ракомет па поради него започнав и јас

vardar-junior-struga-super-liga-30-11-2019-231111

6. Омилена книга ?

- Не читам книги

7. Кој е вашиот ракометен идол ?

-Микел Хансен, тој ми е идол од секогаш

8. Тренер со кој имате најдолго работено ?

- Со мојот прв тренер од Ресен, Сандре Темелковски, како и со Стојан Петрушевски

9. Најголем другар во тимот ?

- Ги имам повеќе, не е еден

10. Омилен Европски град ?

- Порто ми оставил најдобар впечаток

11. Колку е Дејан добар ученик ?

- Одличен ученик

vardar-tatran-seha-9-12-2019-233601

12. Најголем број на постигнати голови на еден официјален натпревар ?

- 13 голови

13. Каде се гледате во иднина ?

- Во некој голем европски клуб, како што е Вардар

14. Што претставува името Вардар за вас ?

- Вардар е македонски бренд и еден од најдобрите ракометни клубови во светот

15. Освен лев бек, дали сте играле и на другата позиција ?

- Не сум играл на друга позиција

16. Што е потребно за еден играч да прерасне во светска класа ?

- Треба многу да си посветен, многу работа, треба упорност, да се слуша, да се гледа и да се учи

17. Дали имате страв од нешто ? 

vardar-metalurg-prijatelska-29-01-2020-237541

- Да имам, од змии

18. Дали имаш освоено поединечна награда во ракометот ?

- Немам освоено поединечна награда

19. Која е најголемата арена во која имате играно ?

- „Шпаркасе арена“ во Кил

20. Најсреќен момент во животот ?

- Кога потпишав договор со Вардар

21. Кој е најдобриот голман против кого сте играле ?

- Не можам да издвојам, има многу добри голмани

22. Каква музика слушате ?

- Најмногу поп музика

23. Омилен број ?

- Бројот 7 што го носам на дресот во Вардар

24. Дали Вардар во иднина може да ја освои и третата Европска титула ?

- Секако дека може

25. Дали се случило да ве испровоцира судија ?

- Да

vardar-junior-struga-super-liga-30-11-2019-231121

26. Омилено јадење ?

- Стек во кари сос

27. Тенис или пинг-понг ?

- Тенис

28. Дали образованието го продолживте на факултет ?

- Да, на факултетот за туризам и менаџмент

29. Дали Македонија има млади надежни ракометари, каква е иднината на македонската репрезентација ?

- Има многу надежни ракометари и мислам дека ке биде и многу добра иднината на нашата репрезентација

30. Како се справувате со ситуацијава поради корона вирусов, дали имате посебна програма за одржување на физичката подготовка ?

- Седиме дома се чуваме колку што можеме, а за физичката подготвеност имаме програма од клубот по која сите работиме

Звонко Ивановски