Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Slider > Левораките играчи најдобри стрелци на Вардар во СЕХА-лигата
Левораките играчи најдобри стрелци на Вардар во СЕХА-лигата

Левораките играчи најдобри стрелци на Вардар во СЕХА-лигата

На четири кола до крајот на регуларниот дел од СЕХА-лигата, Вардар е сигурен учесник на завршниот турнир на најдобрите четири екипи, кој оваа сезона најверојатно ќе се одигра во Хрватска.

Што се однесува до листата на најдобри стрелци во редовите на Вардар, неа ја предводи Дмитри Кисељев кој има постигнато 47 голови. Неговиот соиграч на десната бековска позиција, Даинис Кристопанс е втор по ефикасност постигнувајќи 43 голови. На 3. и 4.место повторно се наоѓаат левораки играчи, се работи за двајца ракометари кои играат на позицијата десно крило. Тоа се Иван Чупиќ со 42 и Мартин Поповски со 35 голови. ТОП-5 листата на најдобри стрелци во Вардар ја затвара Стас Скубе кој има 30 погодоци.

До крајот на регуларниот дел ни остануваат за доигрување домашните мечеви против ППД Загреб и Брест Мешков, како и гостувањата кај екипите на Нексе и Извиѓач.