Македонската ракометна репрезентација со триумф го заврши подготвитениот период, пред настапот на ЕП. Во еден неизвесен меч, избраниците на Данило Брестовац ја победија селекцијата на Црна Гора, минимално со резултат 25:24.
Се играше израмнет дуел, на кој и двете репрезентации се менуваа во предност, но на крајот Македонија беше поуспешна. На полувреме, противникот имаше негатива од еден гол (12:13). Ниту во второто полувреме не се направи поосетна разлика и победникот се решаваше во последната минута. Македонија имаше предност од 23:22, но Црна Гора го израмни резултатот на 24:24. Последниот гол го постигна нашата репрезентација, додека Црна Гора имаше напад за израмнување но одбрани Митревски. На крајот победа за Македонија со реузлтат 25:24.
Вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов успеа да постигне 2 гола. Првиот натпревар на ЕП е на 10.јануари против селекцијата на Украина.