Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мартин Димов: Дојде до израз нашата физичка и тактичка подготвеност со која не можеа да се справи противничката екипа
Мартин Димов: Дојде до израз нашата физичка и тактичка подготвеност со која не можеа да се справи противничката екипа

Мартин Димов: Дојде до израз нашата физичка и тактичка подготвеност со која не можеа да се справи противничката екипа

Вчера вториот дел од сезоната го започнаа и младинците на Рк Вардар. На гостувањето во Ресен забележаа убедлива победа, против екипата на Преспа. Уште на почетокот Вардаровите надежи ја направија разликата, па продолжението од натпреварот го одиграа рутински. На пауза се замина со предност од 11:22. Конечниот резултат гласеше 19:37.

Најпрецизни во нашата екипа беа Мартин Димов со 7 гола. Тоше Ончев даде 4, и Александар Димовски 3 голови. Ова беше седма победа за Вардар во исто толку натпревари. Минатиот викенд младинците беа слободни. Во следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Рк Прилеп.

-Уште од почеток на самиот натпревар влеговме концентрирани и со респект спрема противникот, без разлика на неговиот квалитет.Тоа придонесе да уште во првите минути направиме разлика и да ја зголемиме до крајот на мечот. Во текот на целиот натпревар имавме предност, и ниеднаш истата не беше загрозена. Секако дојде до израз нашата физичка и тактичка подготвеност со која не можеа да се справи противничката екипа. На сите им беше дадена шанса бидејќи резултатот тоа го дозволуваше, изјави Мартин Димов за Вардарфанс.

Звонко Ивановски