Денес е завршен ден од ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“ за генерација родени 2004/05 година. Во големото машко финале се сретнаа екипите на Бисинов и Гостивар. Првото место и златниот медал е за екипата на РК Бисинов.
Може да се каже заслужена победа за РК Бисинов, кој имаше водство уште од самиот старт на натпреварот. Поведоа со 3:0, а првиот гол, екипата на Гостивар го постигнува во четвртата минута од натпреварот. При резултат 4:2, следиме серија на Бисинов од четири последователни голови за веќе убедливи 8:2 во 8 минута од натпреварот. Бисинов изгледаше доминантно спрема својот противник и не му дозволуваше да се доближи резултатски. На полувреме се оди со резултат 11:6.
Второто полувреме со гол го отворија Бисинов и поведоа со 12:6. Во продолжение од натпреварот избраниците на Никола Бииснов имаа контрола на резултатот и постојано го зголемуваа водството. По шест минути игра во вториот дел имаа предност од 16:9. На пет минути пред крај, екипата на Бисинов веќе стигна до двоцифрена предност од 20:10, по што беше познат победникот. На крајот конечниот резултат гласеше 21:12. Иле Табаков со 10 и Давид Славевески со голови ја предводеа екипата на Бисинов до првото место.