Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Кале-Кичево на “крилјата“ на Сара Стефаноска е шампион на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов

РК Кале-Кичево на “крилјата“ на Сара Стефаноска е шампион на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов

Во големото женско финале на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, се сретнаа екипите на РК Кастратовиќ 1 и РК Кале од Кичево.

Во едно големо финале како што му доликува на еден ракометен младински турнир двете екипи пружија добра игра за гледачите во С.Ц. Јане Сандански. На стартот на натпреварот, екипата на РК Кастратовиќ поведе со 2:0, а истава разлика од два гола ја имаа и во 6 минута кога резултатат беше 6:4. Имаа избраничките на Дамовска и три голови предност (7:4 и 8:5). Лидерот на РК Кале, Сара Стефаноска ги превзема работите во свои раце и со три последователни голови го израмнува резултатот на 8:8. РК Кастратовиќ го возвраќа ударот и прави серија од 3:1 со кои поведува со 11:9. Оваа предност ја зачувува до крајот на првиот дел, кога на одмор се оди со резултат 12:10.

Следиме и динамично второ полувреме, каде во првите пет минути, екипата од Кичево повторно стигнува до израмнување (12:12). Како и во првото полувреме, секогаш кога РК Кастратовиќ ќе зголемеше на два гола, веднаш враќаа на спротивната страна Кичево. Со нов погодок на Стефаноска резултатот е израмнет на 16:16 на пет минути пред крајот на мечот. На три минути пред крај Ева Димитриеска носи водство на Кале од 16:18, а имаа уште еден напад за три гола предност, кој екипата на Кале не го искористува. На спротивната страна казнува, РК Кастратовиќ и намалува на само еден гол (17:18). Сепак Сара Стефаноска докажува дека е убедливо најдобра не само во овој тим туку и во оваа возрасна генерација на турнирот. Со нејзин нов гол носи водство од 17:19. Овој резултат е конечен на крајот. Сара Стефаноска беше најефикасна со 10 голови.

16265656_1224626310917546_4886231312624528727_n

РК Кале со пет победи на турнирот на крајот го освои првото место во оваа возрасна генерација.