Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Илинден и Ново Лисиче го освоија бронзениот медал, во машкиот и женскиот дел кај генер. 2004/05

РК Илинден и Ново Лисиче го освоија бронзениот медал, во машкиот и женскиот дел кај генер. 2004/05

Во борбата за третото место во машкиот дел на зимскиот турнир кај генерацијата 2004/05 се сретнаа екипите на РК Карпош и РК Илинден.

Стартот на натпреварот им припадна на РК Илинден кои поведоа со 0:2, додека првиот гол екипата на Карпош го постигна во петтата минута од мечот. Имаа избраниците на Дарко Јанев и предност од два гола 2:4, но во 13 минута, Карпош за прв пат го израмнува резултатот на 6:6. До крајот на првото полувреме по еден гол на двете страни, за конечен резултат од 7:7.

1 2 3 4

На стартот на вториот дел прво водство за екипата од Куманово (8:7). Уште едно израмнување од 9:9, по што Илинден постигнува два последователни голови и зголемува на 9:11. Стигнува ново израмнување (11:11) и натпреварот влегува во неизвесност. Се игра гол за гол и ново израмнување од 14:14 на нецели три минути пред крај. Последниот гол на натпреварот им припадна на РК Илинден, кој слави победа со резултат 14:15. Андреј Петрушевски постигна седум голови кај РК Илинден.

vardarfans-naslovna

Во женското мало финале се сретнаа екипите на РК Ново Лисиче и РК Кастратовиќ 2. Поуспешна беше екипата на Ново Лисиче која го освои бронзениот медал. На стартот на натпреварот по еден гол на двете страни, по што Лисиче во 7 минута од мечот поведе со 3:1. Следниот гол беше дури на истекот на првото полувреме, кога РК Кастратовиќ намали на 3:2, што беше и резултат по првите 15 минути.

1 2 3

Второто полувреме започнува со серија на Ново Лисиче од 3:0 за прв пат на мечот да имаат највисоки 6:2. Постигнува гол и РК Кастратовиќ 2 за намалување на 6:3, но избраничките на Аврамовска прават нова серија 9:1 за конечен резултат од 15:4. Така екипата на Ново Лисиче го освои бронзениот медал во оваа генерација.

4