Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Маврово „база“ за подготовките на ракометните кадети и кадетки
Маврово „база“ за подготовките на ракометните кадети и кадетки

Маврово „база“ за подготовките на ракометните кадети и кадетки

Од понеделник девојките, а два дена подоцна момците од кадетските селекции на Република Македонија своите подготовки ќе ги реализираат во Маврово.

Кадетската машка репрезентација на Македонија ги започна подотовките за настап на претстојното СП што од 06 до 18 август ќе се одржи во Скопје. Подготовките во Струга се до 17 јули, потоа продолжуваат во Маврово. Потоа екипата се враќа во Скопје на финалните подготовки. Во составот на оваа селекција има место за четири вардарци: Марко Кизиќ, Ален Ќосевски, Игор Ѓорѓиев и Мартин Карапалевски.

Кадетките се собираат во понеделник, 15.јули и заминуваат за Маврово каде ќе бидат нешто помалку од две седмици. Тие таму ќе ја реализираат првата фаза, односно базичните подготовки   за претстојниот ЕХФ W17 2019 Шампионат во Италија. Во овој тим има дузина вардарки, односно дванаесет: Грујовска, Трајкоска, Коларовска, Миновска, Ѓорѓиевска,  Костовиќ, Гроздановска, Стаменова, Петковска, Дамјановска. Покрај ова на тимот ќе се приклучат подоцна и Џатевска и Седлоска кои се со повозрасната селекција.