Вардарци веќе втор ден се наоѓаат на Хвар, каде уживаат во заедничкиот одмор.
Денес се приклучија и руските ракометари, Дибиров, Горбок и Шишкарев, но се уште го нема капитенот, Стоилов. На заедничкиот одмор ќе ги нема Морас Фереира, Милосављев и Гедбан. Вардарци го развиорија знамето на Хвар, а се очекува да ги посетат местата, Бол и Вис. На своите инстаграм профили, играчите поставуваат фотографии и видеа.