Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Михајловски: Донесовме одличен голман, кој во минатото беше повикуван и во селекцијата на Франција
Михајловски: Донесовме одличен голман, кој во минатото беше повикуван и во селекцијата на Франција

Михајловски: Донесовме одличен голман, кој во минатото беше повикуван и во селекцијата на Франција

Од 1.јуни, Михајло Михајловски повторно го превзема Вардар, а клубот ќе има и додавка во своето име, откако ќе биде извршена трансформацијата. Во изјава за телевизија Телма, Михајловски изјави дека во иднина, екипата ќе настапува под името Вардар 1961, а исто така зборуваше и за тоа како ќе изгледа тимот во новата сезона. Тој и лично потврди, дека нови засилувања за Вардар се голманот од Франција, како и младиот Јагуриновски.

-Во фаза сме на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, треба да пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961. Целта на идното раководство е да се изгради екипа која ќе има за цел четвртфинале на Лигата на шампионите, „фајнал-фор“ на СЕХА лигата и двојна круна на домашна сцена. Голманското трио ќе го сочинуваат Кизиќ, Ристовски и Кантаегрел. Се работи за одличен голман, кој во минатото беше повикуван и во репрезентацијата. Потпишавме со Јагуриновски, а наскоро ќе знаеме и повеќе детали околу останатите засилувања.