Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > На денешен ден 2017: Пионерките на Ристова ја спасија честа и го урнаа Металург за шампионска круна
На денешен ден 2017: Пионерките на Ристова ја спасија честа и го урнаа Металург за шампионска круна

На денешен ден 2017: Пионерките на Ристова ја спасија честа и го урнаа Металург за шампионска круна

На денешен ден пред точно три години (2017) во Автокоманда тогаш младиот пионерски тим, деншниот сениорски на ЖРК Вардар дојде до голем успех. Ние станавме шампиони на Македонија и ја прекинавме дотогашната доминација на Металург. Предводник на тимот беше Драгана Ристова-Пецевска. Извештајот изработен за тој меч на Вардар фанс изгледал вака:

Пионерките на ракометниот клуб Вардар се нови шампиони на Македонија, откако вечерва во големото финале ја совладаа екипата на Металург. Нашите девојки ги преминаа сите бариери, почнувајќи од тоа дека финалето се играше на теренот на противникот, во спортската сала во населбата Автокоманда, до тоа дека тие се единствената наша младинска екипа кои освоија трофеј оваа сезона во домашните лиги.

Без никаков респект кон противникот, тргнаа девојките на Ристова и Пецевска, а прва која отвори со гол беше Андреа Седлоска која денес беше непогрешлива. Металург за кратко го израмни резултатот на 1:1, но следеше серија на Вардарки од три последователни голови, со кои зголемуваат на 1:4. Нашиот голман, Јована Трајковска денес беше на своето ниво, која исто така имаше голема заслуга за победата. Уште еднаш за момент намалува тимот на Металург на 2:5, за да следи нова серија на Вардарки од 0:3. Седлоска го полнеше голот на противникот, а од крилната позиција дополнуваше Ѓорѓиевска з во 10 минута да имаме највисоки пет голови предност (2:7). Трајковска повторно брани удар, овој пат од седум метри, за уште повеќе да го демотивира тимот на Металург. Во 13 минута ја одржувавме оваа највисока предност, за противникот да постигне два гола во серија и да намали на 6:9. Сепак до крајот на првото полувреме, Металург не успеа да го пронајде патот кон нашата мрежа, за разлика од Вардар кој постигнува пет голови во серија, за на полувреме да заминеме со убедливи 6:14. Одлична беше Стефанија Ѓорѓиевска која погодуваше од контра напади, а Седлоска беше нерешлива енигма за домаќинот. Трајковски повеќе од одлична во првите 20 минути, а беше потпомогната и од нејзината одбрана која функционираше добро.

oi2

На стартот на вториот дел, Металург постигна два гола и намали на 8:14. Првиот гол, Вардарки во второто полувреме го постигнуваме во 24 минута преку Марија Галевска, за резултат од 8:15. Црвено-црните имаа контрола на резултатот и одржуваа водство од 6 гола, за Грозданоска во 29 минута да донесе повторно високи 11:18. Металург носи мала неизвеснот на мечот, кога со серија од 3:0 намалија на 14:18. Вардар не успева да реализира удар од седум метри, што повеќе му даваше крилја на Металург да ја намали негативата. Дамјаноска ја прекина нашата лоша серија и од пикер погодува за предност од 15:19 во 34 минута од мечот.

Потоа на голот застана и Симона Грујовска која имаше набрзина три добри одбрани, со кои го спречи налетот на Металург. Таа во моментите на офанзива на ривалот им ги „скрати крилата“. Вардарки на две минути пред крајот имаа високи четири голови предност, со голот на Седлоска (18:22). Уште еден гол во мрежата на домаќинот значеше крај на сите надежи. Избраничките на Пецевска немилосрдно го полнеа голот на противникот, за на крај конечниот резултат да гласи 20:24.

Најефикасна беше Андреа Седлоска, која постигна 8 голови, додека Марија Галевска постигна 5 погодоци. Голманките Трајкоска и Грујовска беа “ветер во грб“ во текот на цел меч.

Голем успех за пионерската екипа на Вардар, која е единствената која освои прво место во машка и женска младинска категорија за оваа натпреварувачка сезона. Честитки за сите ракометарки на Вардар и тренеерскиот тандем, Ристова и Пецевска, кои донесоа титула во витринините на клубот.