Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (Видео) Милиќ е најдобар голман во деветтото коло на ЛШ
(Видео) Милиќ е најдобар голман во деветтото коло на ЛШ

(Видео) Милиќ е најдобар голман во деветтото коло на ЛШ

Вардар не успеа да го победи Киелце, но нашиот голман Страхиња Милиќ се најде во идеалниот тим на колото во лигата на шампиони. Популарниот Џамбо со своите одбрани го врати својот тим во мечот, кога Вардарци израмнија на 22:22, но сепак до крајот не успеаа да ги наградат добрите обрани на Милиќ.  Сепак тоа не остана незабележано од ЕХФ кој го смести во идеалниот тим на колото. Тој мечот го заврши со 13 одбрани, од кои 3 беа од ударите од седум метри.

Вака изгледа најдобриот тим на деветтото коло во ЛШ:

Голман: Страхиња Милиќ ( Вардар)

Лево крило: Ангел Фернандез (Ла Риоха)

Среден бек: Борис Пукховски ( Мотор Запорожје)

Десно крило: Тим Соренсен ( Кристијанштад)

Лев бек: Сајад Естеки ( Динамо Букурешт)

Пикер: Игор Вори ( Загреб)

Десен бек: Кире Лазаров ( Барселона)