Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: Победи за РК Делчево во машкиот и женскиот дел кај генерација 2002/03
Јуниор лига: Победи за РК Делчево во машкиот и женскиот дел кај генерација 2002/03

Јуниор лига: Победи за РК Делчево во машкиот и женскиот дел кај генерација 2002/03

Во единствениот натпревар во машка конкуренција кај генерација родени 2002/03 во машка конкуренција РК Делчево-Вардар беше поуспешен од Опш.Кисела Вода-Вардар 2. Резултатот на овој меч гласеше 15:10 во корист на Делчево.

Заслужена победа за екипата на Горан Велков која во текот на целиот натпревар имаше постојано водство. Во првото полувреме најчесто се движеше од еден до два гола разлика. Делчево имаше константна предност од 3:1, 4:2, 5:3, 6:4 и за крај на првото полувреме од 7:5.

2

Предноста на РК Делчево растеше и во второто полувреме, кога имаа највисоки 13:7. Умешно ја одржуваа оваа предност до крајот на натпреварот,за на крај да слават со конечен резултат од 15:10. Иван Милев и Јован Петровски постигнаа по 5 гола кај Делчево. Кај поразените Дамјан Соколовски и Виктор Митевски беа стрелци на 3 погодоци.

4

РК Делчево стигна до уште една победа, овој пат во женскиот дел кај истава генерација. Повторно за противник ја имаа ракометната школа на Кисела Вода и забележаа нова победа. И тука заслужена победа за Делчево кој имаше постојано водство. Уште од стартот имаа водство од 3:1 и 6:3 кое како одминуваше првиот дел се повеќе се зголемуваше.Во еден момент имаа водство и од 11:6, а до крајот на првиот дел постигнаа уште три последоавтелни голови,  а на полувреме да имаат убедливо водство од 14:6.

3

Во првите пет минути од вториот дел, Делчево стигна и до двоцифрена предност од 17:7, по што остатокот од натпреварот беше само рутина за составот на Горан Велков. Како течеше мечот нивната предност константно растеше за на крајот да слават со резултат 29:15. Анастасија Ангеловска беше најефикасна кај Делчево со 8 гола, додека кај Кисела Вода, Александра Миленковска постигна 6.