Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Милосављев со големо признание, за најдобар ракометар на Србија во 2018 година
Милосављев со големо признание, за најдобар ракометар на Србија во 2018 година

Милосављев со големо признание, за најдобар ракометар на Србија во 2018 година

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев е прогласен за најдобар ракометар на Србија во 2018 година. Оваа сезона, големата голманска надеж на србите направи трансфер од екипата на Партизан во Вардар и се покажа како големо засилување на црвено-црните на голот, заменувајќи го легендарниот Штербик.

Милосављев доби најмногу гласови вкупно 7, оставајќи го зад себе Немања Илиќ кој имаше 5 гласови. Изминативе две години оваа награда ја добиваше Петар Ненадиќ. Популарниот “Банда„ се очекува да биде еден од најголемите адути на српската репрезентација на претстојниот мундијал кој ќе се одигра во Германија и Данска. Признанието за најдобра ракометарка заврши во рацете на Катерина Крпеж.