Во последното есенско коло пред почетокот на зимската пауза во Вардар Јуниор лигата, екипите на РК Будимир Вардар и Кале Вардар играа за лидерското место, и дуелот донесе пресврт. Кале Вардар со победата против Будимир Вардар од 15 : 13 го превзема првото место од противникот, кој зимата ќе ја помине на втората позиција во категоријата. Кај останатите екипи нема промена во однос на позициите на табелата. Во продолжение табелата и резултатите од есенскиот дел во вардаровата лига.
* Билтен од 3. и 4. коло 2006/07: 3_kolo_2006-07_zenski.docx
Најмладите ракометарки во Вардар Јуниор лигата се девојчињата родени 2010 година и помлади кои се натпреваруваат во мини ракомет. Оваа категорија преку натпреварите ја развива љубовта кон ракометот, но учи и како да се однесуваат на спортски натпревари и како се гради тимски дух. За децата најважно е да се дружат и да спортуваат, како и на натпревари да ги применуваат вежбите од тренинзите и на тој начин побргу да ги развиваат вештините.