Младите ракометари од Ракометната академија Вардар го завршија првиот дел од сезоната во Вардар Јуниор лигата. Момчињата и девојките кои се натпреваруваат во категориите родени 2004/05, 2006/07 и 2008/09 веќе стартуваат со подготовките за зимскиот турнир „Еден живот, една љубов”.
Како што е предвидено во програмата на Ракометната академија Вардар младите надежи кои се дел од ракометните школо под закрила на црвено-црните во една сезона играат есенски и пролетен дел во Јуниор лигата која на крајот има завршни турнири, а на паузата се игра зимски турнир. Истиот ќе се одржува во јануари, пред да стартува вториот дел од сезоната во лигата. Датумот наскоро ќе биде дефиниран, но станува збор за термин во втората половина на јануари по крајот на сите новогодишни и божиќни празнувања.