Ракометната репрезентација на Македонија го освои 27.место на СП кое се игра во Шведска и Полска. Нашата репрезентација на последниот натпревар на мундијалот славеше против Јужна Кореја со резултат 36:33.
Заслужена победа за Македонија со оглед дека имаше предност во најголем дел од натпреварот, иако и противникот во два наврати во вториот дел дојде до водство, но истото не беше поголемо од еден гол разлика. Селекторот Лазаров на овој натпревар им даде шанса на играчите кои имаа помала минутажа на претходните натпревари на ова СП. Иако во еден дел од првиот дел имавме предност од пет гола разлика, сепак на полувреме се замина со само еден гол предност во наша корист (20:19).
Кореја во вториот дел благодарение на обраните на нивниот голман успеа дури и да поведе, сепак избраниците на Лазаров беа присебни во последните десет минути од натпреварот и не дозволија да ја испуштат победата, на која своја заслуга имаше вардаровиот голман, Мартин Томовски кој го заврши мечот со 14 одбрани.
На овој натпревар Македонија настапи без Гоце Георгиевски, додека Филип Талески постигна 4 гола.