На програмата е 3.коло во младинската машка ракометна Лига, коло во кое, Вардар на домашен терен ќе го пречека тимот на Овче Поле.
Натпрреварот е закажан да се одигра во сабота (14.10) во спортската сала „Круме Кепески“ со почеток од 12:00 часот. Андреј Јованов и Виктори Терзиевски ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Моника Ѓорѓиевска.
Младинците на Вардар ја бараат првата победа сезона во лигата.
Стартува и пионерската машка лига, во првото коло тимот на Вардар ќе биде слободен. Нашите млади надежи ќе се натпреваруваат во групата А, со екипите на Охрид, Јуниор К.В, Асови 2012 Вардар, Голден Арт КЛ7, Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Динг 2021 и Струга.