Во понеделник (16.10), во рамките на 7.коло во ракометната Супер Лига, тимот на Вардар ќе гостува на Голден Арт КЛ7.
Натпреварот ќе се одигра во малата сала на СЦ.Јане Сандански со почеток од 16:00 чсаот. Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Камер Металари.
Вардар е апсолутен фаворит за освојување на бодовите и продолжување на победничката серија.