Како и што први најавивме , десниот бек на Вардар, Куни Моралес, и во новата сезона ќе го носи дресот на Вардар.
Десниот бек Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар и ќе игра во „црвено-црниот” дрес и следната сезона. Кубанскиот интернационалец стана миленик на публиката и важен дел во тимот, и со своите игри го потврди квалитетот што го поседува.
Сезонава Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот. Неговите голови беа и дел од Топ-5 голови на колото во лигата на шампионите и во СЕХА лигата.