Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во очекување да ја продолжиме победничката серија, Вардар е домаќин на Порто
Во очекување да ја продолжиме победничката серија, Вардар е домаќин на Порто

Во очекување да ја продолжиме победничката серија, Вардар е домаќин на Порто

Вечерва со почеток од 20:45 часот во СЦ. Јане Сандански, Европскиот Шампион е домаќин на Порто, на натпревар од 5.коло во Лигата на Шампионите.

Вардар ќе се обиде да стигне до вториот триумф во ЛШ, а пред себе го има шампионот на Португалија. Екипата на Порто одигра веќе четири натпревари во групата и има половичен успех од две победи и два порази. Ова ќе биде само второт гостување сезонава за овој тим, со оглед дека три натпревари одигра на домашен терен, од кои два ги доби против Мешков Брест и Пик Сегед, додека во првото коло беше изненаден од тимот на Елверум. Вториот пораз сезонава го претрпеа на гостувањето кај Фленсбург.

Минатата сезона која не го дочека својот крај, Вардар и Порто исто така се натпреваруваа заедно во групната фаза. Во истава арена каде вечерва ќе се одигра натпреварот, Вардар го победи Порто со резултат 32:27, додека на гостувањето во Португалија со многу изменет состав загуби со резултат 30:22.

Составот на Порто не претрпе многу промени од минатата сезона, како засилувања пристигнаа македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски, како и хрватскиот интернационалец, Иван Слишковиќ.

Кај Вардар ќе недостасува Јагуриновски, како и Кристијан Дисингер кој се пожали на повреда на рамото после натпреварот со Фленсбург, па тренерот Алушовски нема да може да смета на неговите услуги. Останатите се ставаат на располагање за вечерашниот натпревар кој се надеваме дека ќе го добиеме.

Пренос од натпреварот ќе има на МТВ.