Македонскиот репрезентативец Филип Талески не го криеше задоволството по одличниот настап на Вардар и триумфот над Фленсбург, прва радост за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите. На овој натпревар, Талески одигра солидно – Кога доби шанса ја искористи, постигнувајќи два погодоци.
На вечерашниот натпревар против Порто, ситуацијата ќе биде поинаква. Левиот бек на нашиот тим ќе биде главната ,,алка” во нападот на „црвено-црните“ бидејќи во составот ќе го нема Дисингер. Ова значи дека Талески ќе треба да покаже и докаже зошто е донесен во редовите на актуелниот Европски првак, Вардар.
Нека биде ова една супер партија на бек шутерот, бидејќи секој негов гол вечерва, ќе биде ептен значаен за Вардар и неговиот напад. Вардар како резервен бек вечерва го има во составот младиот Марко Мишевски.
Пренос од натпреварот ќе има на МТВ, кој започнува од 20:45 часот.