Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ниту 17.одбрани на неверојатната Грујовска не беа доволни за победа во Автокоманда
Ниту 17.одбрани на неверојатната Грујовска не беа доволни за победа во Автокоманда

Ниту 17.одбрани на неверојатната Грујовска не беа доволни за победа во Автокоманда

Вардар денес одигра дерби со ЖРК Металург, одлично игравме до 49.минута кога беше 21-20, потоа потклекнавме. Поразот дојде со 28-21, денес не успеавме да искористиме 17.одбрани на нашиот голман, Грујовска која беше супериорна помеѓу стативите.

122331373_10218305974942952_2477472227070819969_o
Почнавме одлично и поведовме со 0-2 преку Галевска од пенал и Диневска од контра. Ние имавме и уште едно водство при резултат 2-3 со голот на Диневска. Грујовска во првиот дел влезе фуриозно, бранеше на ниво. Во 17.минута губевме со 8-4, нашиот голман до тој момент имаше 6.одбрани и не одржа во живот. Следеше тајм-аут за црвено-црните. Со овие минус 4 влеговме во финишот кога домаќинот водеше со 11-7. Грујовска денес покажа врвна форма и не врати повторно, бранеше од секаде. крило, контра од отворени удари. Успеавме да направиме серија 0-4 и со голот на Диневска која исто така беше расположена изедначивме на минута пред крајот. На пауза заминавме со 12-11, откако погоди Николиќ за домаќинот.

122432402_10218305974622944_1210513748240402389_o
Домаќинот се одлепи на 15-12, повторно ние бркавме, денес покажавме одлична игра до 49.минута. Секоја од девојките даде максимум на теренот на овој дуел. Дојдовме до 16-15, со головите на Трпевска и нови три одбрани на Грујовска. Во 49.минута се уште бевме на гол негатива, на семафорот беше 21-20 со голот на Џатевска која погоди од речиси невозможна позиција. Потоа следеше „дупка“ во нашата игра, домаќинот со серија 7-0 поведе со 28-20. Трпевска во последните моменти ублажи на 28-21. Останува мислата дека можевме, особено е жално да не искористиме расположен голман кој имаше огромен број одбрани токму во дерби дуел. Ристова проба со ротација во финишот, за жал тоа донесе пад во играта. Премалку шанса за настап доби денес и првиот стрелец сезонава Миновска на овој дуел.

122413094_10218305975462965_7009552377958353029_o
Кога сме кај постигнувањата, сосема извесно кај нас најспомнуваната во текстот Грујовска  беше поединец број еден. Одбрани дури 17.удари или 40% на одбранети топки кон нејзиниот гол, фрли на тоа и три прецизни контри, две до Трпевска и една до Диневска директно асистирајќи за голови. Трпевска постигна 6.гола, 5.гола беа дело на Диневска. По три гола имаа Џатевска, Дамјановска и Галевска.