Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во драматична завршница, Вардар и Порто ги поделија бодовите
Во драматична завршница, Вардар и Порто ги поделија бодовите

Во драматична завршница, Вардар и Порто ги поделија бодовите

Вардар испушти голема можност за втора победа во Лигата на Шампионите. Со гол во последните три секунди од натпреварот, екипата на Порто се избори за нерешен резултат 25:25.

Вардарци подобро го стартуваа натпреварот кога со головите на Јотиќ и Талевски поведоа со 4:2. Во нападот тренерот Алушовски направи само една измена од претходниот натпревар, наместо Дисингер кој не беше во составот поради повреда на левата бековска позиција играше Талевски. Екипата на Порто во текот на целото прво полувреме играше 7-6 во нападот, што ни создаваше потешкотии. Следеше лош период за нашиот Шампион кој цели осум минути не успева да го пронајде патот до мрежата на Митревски, кој покажува дека се наоѓа во голема форма. Екипата на Порто направи серија од 0:6 и во 16 минута поведе со 4:8. Ние при нерешен резултат промашивме удар од седум метри, односно Дибиров ја погоди пречката, додека зицер не погоди ниту Чупиќ кога ја погоди само стативата од противничкиот гол. Алушовски беше принуден да повика тајм-аут. Порто имаше можност да зголеми и на пет гола, но Ристовски со својата петта одбрана како да беше поттик за неговите соиграчи да ја стопат негативата. Вујин беше солиден во првиот дел, дури се покажа и како најефикасен во нашиот состав, па со неговиот гол и на Дибиров стигнавме до само еден гол заостанување.

Профункционира и одбраната со високите Векиќ и Калараш, кои одлично блокираа, што беше шанса за наши брзи голови на празен гол. Интерсно, Борко Ристовски успева да постигне три гола и да ја погоди празната мрежа на португалците кои наметнаа игра без голман во нападот. Откако Порто повторно се одлепи на 8:11, ние пак се враќаме во игра. Со вториот гол на Чупиќ и на Ристовски, на четири минути пред крајот на првото полувреме го израмнивме резултатот на 11:11. Гостинот ја врати предноста, но само за кратко, Борко повторно прецизен од гол на гол, за негов трет погодок, а во последните секунди од дуелот успеваме да се одбраниме и да фрлиме топка во контра-напад за Дибиров кој погоди за резултат 13:12 во корист на Вардар, по истекот на првите 30 минути. На нашиот гол, Борко Ристовски беше двоцифрен со вкупно 10 одбрани, додека Вујин најефикасен со 4 голови.

Втор пат на натпреварот стигнавме до два гола позитива, откако со првиот гол на Стоилов поведовме со 16:14, а во претходниот напад во листата на стрелци се запиша и Гаџа. Голманите одлични на овој натпревар, Ристовски на нашиот со вкупно 13 одбрани, додека Митревски стигна до 10 одбрана, а Порто го израмни резултатот на 17:17 по 40 минути игра. Гледавме израмнет во овој дел од мечот, во кој ниту двете екипи немаа поосетна предност која може да им дава мирен финиш. Наместо да поведеме, Талески во контра промаши зицер удар, а Порто казнува со два гола во серија и предност од 21:23, па Алушовски беше принуден да повика минута одмор. Драматична завршница во Јане Сандански, противникот имаше и напад за три гола позитива, но Вардар преку Чупиќ и Дибиров се вратија и израмнија на 24:24 на две минути пред крајот на овој дуел. Како натпревар и за Борко кој стигна до неверојатни 17 успешни интервенции, за Чупиќ да донесе предност од 25:24. Во последните секунди од дуелот, Порто постигна гол и ги постави конечниите 25:25 на овој интересен натпревар.

Ристовски на голот имаше 18 одбрани, додека најдобар стрелец беше Чупиќ со 7 голови.