Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ и Валчак денес на терените, Хрватска нема право на грешка, Полска ќе се обиде да ја изненади Шпанија
Чупиќ и Валчак денес на терените, Хрватска нема право на грешка, Полска ќе се обиде да ја изненади Шпанија

Чупиќ и Валчак денес на терените, Хрватска нема право на грешка, Полска ќе се обиде да ја изненади Шпанија

Денес продолжуваат натпреварите на СП во Египет, а на терените ќе видиме двајца играчи кои доаѓаат од Вардар. Се работи за Патрик Валчак и Иван Чупиќ.

Хрватска нема право на грешка и денес мора да оди на победа во дуелот со селекцијата на Ангола. На отварањето на мундијалот, избраниците на Червар освоија само бод во дуелот со Јапонија, па денес само победа е императив за оваа репрезентација во чиј состав повторно ќе се најде Иван Чупиќ. Натпреварот на Хрватска и Ангола ќе стартува од 18:00 часот.

Полска ќе има тешка задача да стигне до втората победа во својата група, откако вечерва за противник ја има селекцијата на Шпанија, која во првото коло ремизираше со Бразил. Полјаците ќе настапат во ист состав како и на мечот со Тунис кој го добија во своја корист, тоа значи дека на теренот ќе биде и пикерот на Вардар, Патрик Валчак. Дуелот на Полска со Шпанија ќе започне од 20:30 часот.