Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Во Струга ќе ја темпираме формата, за натпреварот со Нексе
Недановски: Во Струга ќе ја темпираме формата, за натпреварот со Нексе

Недановски: Во Струга ќе ја темпираме формата, за натпреварот со Нексе

Денес, Вардар стартува со настапи на турнирот во Струга. Годинава ќе се одржи „јубилејното“ 50.издание на традиционалниот турнир во Струга, на кој учество ќе земат осум екипи.

Вечерва со почеток од 19:00 часот, Вардар за противник ја има екипата на Алкалоид, која е предводена од Кирил Лазаров.

Владо Недановски кој сезонава ќе биде главен тренер на Вардар искажа задоволство од досега сработеното, истакнувајќи дека турнирот во Струга ќе биде можност за темпирање на формата, во пресрет на натпреварот од 1/4 финалето против екипата на Нексе.

-Трениравме околу две седмици, повеќе на физички план. Задоволен сум од залагањето на играчите. За тактичкиот дел ќе видиме сега на турниот во Струга бидејќи тоа ќе бидат нашите први натпревари. Знам дека е тоа одличен турнир, секогаш има добри екипи. За овој период е добро што настапуваме таму да видиме каде сме со формата и да ја темпираме токму за дуелот со Нексе. Во Струга ќе бидеме комплетни играчки, истакна Недановски.